Вести Македонија Најважни

Османи го претстави протоколот – клучни се одредбите за историјата, евро-интеграциите и говорот на омраза

Најголемиот дел од протоколот потпишан со Бугарија е редење на билатерални средби и потпишани договори, но најважните прашања се во делот за историјата, европските интеграции и говорот на омраза.

Постои реципроцитет затоа што во делот за обврските јасно се наведени поимите „двете држави“ или „државите“ но останува и сомнежот на јавноста за еднаквоста на двостраноста на протоколот поради силата која Бугарија ја има како земја членка.

Во протоколот се наведени и уставните измени, дека втората после меѓувладина конференција во Брисел ќе се одржи по промена на Уставот во кој ќе се впишат и „припадници на други народи, како што е бугарскиот“.

На наредниот линк е целосниот протокол кој е напишан на 20 страни.

Protokol, od 15.07.2022+

Историја е втора точка која е болна за македонската страна.

Содржината на протоколот која ја претстави Османи предвидува дека историската комисија нема рокови за свои одлуки, но и дека учебниците, историските натписи, заедничките прослави на историски настани и личности ќе зависат од заедничка одлука на мешовитата комисија.

Комисијата не може еднострано да ја прекине работата и мора да се потпира на научни докази. Дилемата е како ќе биде утврден реципроцитет ако одлуките се нерамноправни по број.

Досега историчарите договориле 5 историски настани и личности, но прва ќе настрада лекција по географија за 7-мо одделение за која и авторот ќе мора да се согласи да ја тргне од учебникот.

Говорот на омраза нема да премине во рацете на дипломатијата тврди Османи туку министерствата ќе имаат контакт за да разменуваат информации по барање на другата страна.

Мора да се намали говорот на омраза во интерес на добрососедските односи, потенцира шефот на дипломатијата.

Но останува и условот менување на Уставот, како ќе се пробие веќе објавената опозициска блокада за уставните измени.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Измама со брзи кредити – две кумановки подигнале над 150.000 евра на име на нивни сограѓани

Дејан Дејан

Ограничениот напредок во заштитата го става Охрид на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Скендербег, Мисирков, Мајка Тереза се меѓу новите имиња на улици во Тетово

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе