Вести Свет Топ вести

Украински авион со мини од српско производство се урна во Грција – загинаа 8 луѓе

Товарен авион кој полетал од Србија се урна ноќеска во северна Грција, во близина на Кавала, при што загинале сите 8 луѓе кои патувале со леталото.

Според српскиот министер за надворешни работи, станува збор за Украински авионот кој полетал од Ниш а негова крајна дестинација бил главниот град на Бангладеш, Дака.

Со леталото се превезувале 11,5 тони мини произведени од српската воена индустрија.

„Станува збор за авион Антонов-12, чиј сопственик е фирмата Меридијан-ЛТД од Украина а неговиот повикувачки знак бил МЕМ – 3032. За жал, според информациите кои ни се достапни на нас, сите 8 членови на екипажот ги изгубиле животите при падот на авионот“ – изјави српскиот министер за одбрана, Небојша Стефановиќ.

Стефановиќ како злонамерни шпекулации ги отфрли наводите во некои медиуми дека со авионот се превезувало оружје за Украина, додавајќи дека од 2016-тата година не е издадена никаква дозвола со која би се транспортирало оружје од Србија во Украина или пак Русија.

Српскиот министер за одбрана тврди дека официјален Белград извезува вооружување само во согласност со меѓународните дозволи.

Жителите на регионот во Грција каде се урнал авионот тврдат дека претходно се слушнала експлозија и виделе како голема огнена топка се урива во поле меѓу две села.

До грчките граѓаните кои живеат во радиус од 2 километри од местото каде се урнал авионот Антонов- 12 бил испратен апел да останат во своите домови се додека не биде потврдено дека нивните животи не се во опасност од евентуални нови експлозии.

Истовремено и пожарникарите крајно внимателно пристапувале до местото каде се урнал авинот.

„Пристапивме, носејќи маски, на околу 50 метри, видовме дел од трупот на авионот и генерално имаше многу остатоци во полето“ – вели Мариос Апостолидис, командант на пожарникарите.

„Го видовме огнот, но имаше некоја збрка, некој спомна хеликоптер, други рекоа авион, ние не знаевме. Тргнавме во тој правец, но полицијата не ни дозволи да поминеме“ – вели еден од жителите на селото Антифилипи.

Според грчките медиуми, пилотот на Украинскиот авион побарал дозвола за итно слетување на аеродромот во Кава заради проблем со моторот, набргу по полетувањето, но успеал безбедно да стигне до пистата.

Вистинско чудо е како леталото не се урнало врз некоја куќа, тврдат жителите на селата во близина на кои паднал авионот.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе