Вести Свет

Во Велика Британија вонредна состојба поради високите температури

Британската национална метеоролошка служба денеска прогласи вонредна состојба и издаде предупредување за екстремни горештини за делови во земјата во понеделник и во вторник. Се тврди дека температурите може да бидат рекордни.

– Вонредни, можеби рекордни, температури се веројатни во понеделник, а потоа и во вторник, соопшти службата на својот сајт.

Највисоката евидентирана температура во Велика Британија изнесува 38,7 Целзиусови степени  регистрирана е на 25 јули 2019 година во Ботаничката градина на универзитетот Кембриџ.

Претходно овааа недела имаше и предупредување за високи температури од трето ниво за источниот и југоисточниот дел на земјата и за Лондон како и за предупредување од прво ниво за северниот дел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе