Британската национална метеоролошка служба денеска прогласи вонредна состојба и издаде предупредување за екстремни горештини за делови во земјата во понеделник и во вторник. Се тврди дека температурите може да бидат рекордни.
– Вонредни, можеби рекордни, температури се веројатни во понеделник, а потоа и во вторник, соопшти службата на својот сајт.
Највисоката евидентирана температура во Велика Британија изнесува 38,7 Целзиусови степени регистрирана е на 25 јули 2019 година во Ботаничката градина на универзитетот Кембриџ.
Претходно овааа недела имаше и предупредување за високи температури од трето ниво за источниот и југоисточниот дел на земјата и за Лондон како и за предупредување од прво ниво за северниот дел.
