Откако се повлече Софи Вилмес, на функцијата министер за надворешни работи на федералната белгиска влада е назначена поранешната водителка на вести, Хаџа Лабиб.
Хаџа Лабиб е долгогодишна новинарка, режисерка и водителка на вестите на јавниот сервис на француски јазик, РТБФ
Лабиб е познато лице во Белгија како водителка на централниот дневник на вестите на јавниот сервис и на емисија за култура на француско-германската телевизија, Арте. Таа беше дописничка во Авганистан пред да се врати во Белгија и да води вести.
Родена во 1970 година во семејство со потекло од Алжир, Лабиб ќе биде првата жена имигрант на оваа позиција во Белгија.
Таа изјави дека не се чувствува “ниту левичарка, ниту десничарка, туку слободна“, но сепак назначена е од страна на либералната партија МР која е десничарска партија.
На оваа позиција поранешната новинарка ќе биде одговорна за дипломатијата, европските прашања и меѓународната трговија на федерално ниво во Белгија.
