Вести Свет

Поранешна новинарка е новата министерка за надворешни работи на Белгија

Откако се повлече Софи Вилмес, на функцијата министер за надворешни работи на федералната белгиска влада е назначена поранешната водителка на вести, Хаџа Лабиб.

Хаџа Лабиб е долгогодишна новинарка, режисерка и водителка на вестите на јавниот сервис на француски јазик, РТБФ

Лабиб е познато лице во Белгија како водителка на централниот дневник на вестите на јавниот сервис и на емисија за култура на француско-германската телевизија, Арте. Таа беше дописничка во Авганистан пред да се врати во Белгија и да води вести.

Родена во 1970 година во семејство со потекло од Алжир, Лабиб ќе биде првата жена имигрант на оваа позиција во Белгија.

Таа изјави дека не се чувствува “ниту левичарка, ниту десничарка, туку слободна“, но сепак назначена е од страна на либералната партија МР која е десничарска партија.

На оваа позиција поранешната новинарка ќе биде одговорна за дипломатијата, европските прашања и меѓународната трговија на федерално ниво во Белгија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе