Вести Македонија Најважни

Вувузелите, свирчиња, палење на францускиот предлог – хаос на  првиот ден од собраниската седница

Звукот на вувузелите и свирчињата го заглуши говорот на премиерот во Собранието. Опозицијата не дозволи јавноста да чуе, зошто владата и мнозинството пратеници одлучија да го прифатат францускиот предлог.

Говорот подоцна беше испратен до медиумите, а она што не беше можно да се чуе од говорницата е пораката што Ковачевски ја испрати до пратениците, од кои побара да го прифатат документот, со кој, како што рече, треба да се откочи евроинтеграцијата.

Пратениците од власта му аплаудираа, а опозицијата го испрати и него и министрите Османи и Маричиќ со свирежи, нарекувајќи ги „ предавници„.

Истото се случуваше и за време на репликите од пратениците од власта.

За ова однесување, реагираше координаторот на пратеничката група на СДСМ.

Од ВМРО ДПМНЕ ги повторија ставовите дека со ова се врши бугаризација на Македонија, дека нема никакви гаранции за идентитетот и дека нема да дадат поддршка за двотретинско мнозинство за промена на Уставот.

На крај од говорот, Ковачев се обиде да го запали францускиот предлог, но не му палеше запалката, па го искина. Истото го правеа и сите други говорници од опозицијата.

Реагираа и дека, обезбедувањето во Собранието е прекубројно и непотребно наоружано, но собранискиот спикер рече дека тоа е така поради присуството на премиерот и министрите.

Се расправа за заклучоците кои владејачкото мнозинство ги предложи, а со нив, владата се задолжува да се придржува кон безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ.

Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, почитувајќи ги нормите на меѓународното право и Резолуцијата усвоена од Собранието минатата година.

Во Преговарачката рамка, како и при склучувањето на договори, македонскиот јазик да биде наведен без било какви објаснувања, додавки или фусноти. Во текот на преговорите за пристапување,  се` до нивното завршување, владата да не прифаќа да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик, од тоа наведено во Преговарачката рамка.

Со приемот, Македонскиот јазик да стане еден од службените јазици на ЕУ без било какви објаснувања, додавки или фусноти.Билатералните прашања поврзани со билатералните договори за добрососедските односи да не бидат одредници од кои ќе зависи отворањето и затворањето на поглавјата, а преговарачката рамка да се усвои веднаш на почетокот на пристапните преговори со ЕУ.За одржувањето на првата Меѓувладина конференција, да се донесат одлуки веднаш и да не зависат од донесување на дополнителни одлуки од страна на земјите членки.

Расправата, од која отсуствуваат деветмина пратеници, наводно поради зараза со корона вирусот, продолжува и утре.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ограничениот напредок во заштитата го става Охрид на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Скендербег, Мисирков, Мајка Тереза се меѓу новите имиња на улици во Тетово

Sasko Dimovski

Братучед полицаец не ѝ помогнал, сведочеше жртва од пожарот во „Пулс“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе