„Македонци вие имате историска можност да кажете да. Да за старт на преговорите“. Со овие зборови претседателот на европскиот Совет, Шарл Мишел им се обрати на граѓаните на земјава за да ги убеди дека предлог преговарачката рамка за старт на преговоритре со ЕУ е, како што рече балансирана и добра за Македонија.
Мишел кој дојде во убедувачка мисија во земјава дека преговарачката рамка нема да им наштети на македонскиот идентитет и јазик, велејќуи дека тој лично ќе ги бранел.
Исто така многу сме звесни за загришеноста изразена од некои за вашиот нациоанлен идентитет и вие може да сметате на мојата целосна поддршка, како претседател на Европскиот Совет, постојано да се заложувам за вашето легитимно право, рече Мишел.
Даде и заложба дека Унијата ќе направи се да го заштити преговарачкиот процес на земјава од сите нелегитимни прашања кои би можеле да го проблематизираат.
Убеден сум дека до почетокот на преговарачкиот процес, во паралелен, одделен процес, ќе биде можно да се постигне решение потребно да се идентификуваат темите кои треба да бидат разрешени на билатерално ниво. Но може да сметате на мене и да сметате на Европските институции дека ќе обезбедат овој процес на проширување ќе напредува без да влезе во стапица, или да биде расипан од некои елементи кои не се директно поврзани со процесот на проширување, порача Мишел.
Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски кој денеска повторно го оцени францускиот предлог како поволен за земјава и оти сега зависи од Македонија дали ќе ги почне преговорите или не со Европската унија. Ковачевски притоа повторно објаснуваше што е, а што не е дел од преговарачката рамка.
А токму протоколот со Бугарија ќе биде последниот документ со кој ќе се комплетира пакетот документи кој владата откако ќе ги усвои ќе му ги достави на Собранието. Ковачевски денеска информираше дека предлог преговарачката рамка се уште не е се нашла на владина седница.
Тамара Грнчароска
