-Собранието е местото каде треба партиите да разговараат откако ке биде презентиран протоколот. Сите документи до сега се објавени и уште еден што ке биде објавен ќе биде испратен до Собранието. Таму се партиите со свои претставници и ќе дискутираат за европскиот предлог по што ќе донесат одлука, истакна претседателот на владата Димитар Ковачевски на заедничката прес конференција со Шарл Мишел, Претседателот на Европскиот совет.
Според Ковачевски, Мишел беше јасен дека имаме предлог со кој веднаш ке почнат преговорите.
Мишел пак наведе дека минатата недела, Советот на ЕУ состави ново компромисно решение кое е урамнотежено решение со јасна цел да почне процесот.
-Ако кажете „да“, првата меѓувладина конференција ке се одржи следните денови. Ке започне скрининг процесот. Со овој предлог, македонскиот јазик е ваш јазик. Овој предлог го почитува ова. Во врска со загриженоста за идентитетот Може да сметате на мојата целосна подрша дека систематски ке стојам зад вашите права, рече претседателот на Европскиот Совет Мишел.
