Вести Македонија Најважни

Средба Ковачевски-Мишел: Предлогот ги вклучува сите македонски позиции и забелешки

На средбата, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Шарл Мишел потенцираа дека европскиот предлог за отпочнување на преговорите за Северна Македонија ги вклучува сите македонски позиции и забелешки и дека преговорите може да почнат веднаш по одобрување на истиот, соопштија од владината прес служба.

Предлогот, истакнаа премиерот Ковачевски и претседателот Шарл Мишел, предвидува чист македонски јазик, еднаков со останатите јазици на земјите членки на ЕУ.

На средбата од страна на претседателот на Европскиот совет Мишел уште еднаш беше потенцирана поддршката и заложбата на Европската Унија за почеток на преговорите со Северна Македонија, посочувајќи дека ова се клучни моменти за напредокот на нашата држава од економски, политички и социолошки аспект.

Премиерот Ковачевски истакна дека поддршката на Европската Унија во процесот на интеграција на Северна Македонија, е од особено значење за државата во исполнувањето на основата стратешка цел, а тоа полноправното членство во ЕУ.

При тоа премиерот Ковачевски на средбата потенцираше дека во изминатите денови предлогот од француското претседателство беше дискутиран на консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите, како и со опозициските партии.

Во рамки на посетата, претседателот на Европскиот совет Мишел ќе присуствува на денешната владина седница, а потоа со премиерот Ковачевски ќе одржат заедничка прес-конференција за медиуми.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реформа на пензискиот систем е неопходна, но без избрзани решенија и на штета на граѓаните, советуваат експертите

Sasko Dimovski

Синдикатот по загинувањето на работник на Пречистителната – Градилиштата станаа минско поле

Дејан Дејан

Ограничениот напредок во заштитата повторно го враќа Охридскиот регион на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе