Вести Македонија

Нема пензионирање за судиите со 64 години

Законското решение за задолжително пензионирање на возраст од 64 години и 15 години стаж, ќе ги испразни судовите.

На 30-ти јуни, во четврток, кога влегува во сила оваа законска измена во работната сфера донесена минатата година, во пензија ќе си заминат 60 судии и 13 обвинители.

Владата предлага тие да останат уште три години, односно до моментот кога ќе наполнат 67 години, што е период во кој се очекуваат нови дипломци од Академијата за судии и обвинители.

Предлог законот е предложен по скратена постапка, а во Собранието му беше додадено и европско знаменце.

Од Министерството за труд, само кусо образложение за дополнителните буџетски трошоци.

За опозицијата, сомнително е што Судскиот совет и Советот на јавни обвинители  ќе одлучуваат за вакво продолжување на мандатот.

Реагираат и што Комисијата за европски прашања би требало да биде  матична комисија.

Ако Собранието има намера да го донесе законот до четврток, заседанието на Комисијата за европски прашања има итен карактер.

Но, додавањето европско знаменце и честото носење закони по скратена постапка е една од главните забелешки за работата на Собранието во европскиот извештај.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе