Вести Најважни Свет

Борисов задоволен од францискиот предлог, доби честитки и од Вархеји

На Бојко Борисов му се допаѓа францускиот предлог. Најави дека 59 – мината пратеници од ГЕРБ ќе го поддржат и ја повика владата на Кирил Петков што поскоро да го достави до Парламентот, каде е убеден дека ќе биде поддржан од мнозинството пратеници.

Но, побара претходно да се свика Министерскиот совет, да се даде предлог и да се достави до Народното собрание, а тие ќе го поддржат.

За Борисов, текстот на предлогот е навистина многу добар и  ги вклучува сите стравови,  нервози и она што ја засега Бугарија.

За оваа одлука, веднаш доби честитки  од еврокомесарот за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји.

И бугарскиот претседател, Румен Радев, е задоволен од францускиот предлог. Оцени дека, тој немало да се случи ако Бугарија не го употребела ветото, со јасен став и аргументи.

Задоволен е и од фактот дека, суштинските преговори на Македонија со ЕУ нема да почнат се` додека Бугарите не бидат впишани во нашиот Устав.

Но, доследно како и секогаш на браникот на бугарските максималистички и националистички барања, Радев ги предупреди бугарските политичари. Рамката не е доволна.

Бугарскиот претседател тврди дека, самата преговарачка рамка не е гарант за бугарските интереси, вистинската заштита на нивното културно-историско наследство, на промената на учебниците и натписите на спомениците во Македонија, зависи од содржината на билатералниот протокол, бидејќи врз основа на него, Европската Унија ќе следи што треба да се бара и заштитува во процесот на преговорите.

Откако посочи што се` треба да направи Македонија за да ги задоволи бугарските максималистички барања, Радев им се обрати и на нашите политичи лидери, укажувајќи им дека сега е време за политичко лидерство и храброст во името на иднината.

Од нашата влада, пак, се` уште упорно молчат. Образложението е дека, треба детално да се анализира, а се чека за него да се изјаснат членките на ЕУ.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Видовме полицајци, не ни помогнаа – сведочења на малолетници за „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе