Вести Свет

Венецуелскиот претседател Мадуро е во официјална посета на Кувајт

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро вчера пристигна во официјална посета на Кувајт и разговараше со престолонаследникот на емиратот, Мешал ал Ахмад ал Џабер ал-Сабах, објави кувајтската државна новинска агенција КУНА, цитирана од Ројтерс.

Венецуелската државна телевизија прикажа снимка од пристигнувањето на Мадуро и неговата сопруга Селија Флорес, како пречекуваат различни кувајтски функционери. Тие беа придружувани од венецуелски министри и претставници од областа на надворешната политика, земјоделството, комуникациите, туризмот и транспортот, јави КУНА.

Агенцијата не даде дополнителни детали за посетата по неодамнешните посети на Мадуро на Турција, Алжир и Иран како дел од неговата прва голема турнеја во странство по посетата на Русија во 2019 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео/Фото)Шумски пожари во Шпанија: Прогласена национална вонредна состојба

Kristina Kuzmanovski

Николовски во Телма интервју: Сите нови вработени кои се помлади од 40 години се вклучуваат во вториот пензиски столб

Kristina Kuzmanovski

(видео)Бура ја погоди Атина, небото се отвори, дожд и грмежи и на Халкидики, на Олимп силен град ја прекри планината во бело

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе