Најмалку три лица се убиени вчера во пукотница во болница во Тулса, во американската сојузна држава Оклахома, соопшти тамошната полиција, додавајќи дека напаѓачот се самоубил.
„Можеме да потврдиме дека четири лица се мртви, меѓу кои и напаѓачот, во пукотница во болницата Свети Францис“, објави локалната полиција. Идентитетот на напаѓачот се уште не се објавува, но полицијата соопшти дека станува збор за афро-американец на возраст од 35 до 40 години.
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден е известен за пукотницата, додавајќи дека внимателно се следи ситуацијата, а на локалните власти им била понудена секаква неопходна помош.
Пукотницата во Оклахома се случува нешто повеќе од една седмица по масакрот во училиштето во Увалде во Тексас, каде што 18-годишник уби 19 деца и двајца учители.
