Вести Свет

Првиот товарен брод откако Русите го зазедоа градот отплови од Мариупол

Првиот товарен брод отплови од украинското пристаниште Мариупол откако Русија го зазеде градот и се упати на исток кон Русија, изјави прорускиот сепаратистички лидер на украинскиот отцепен регион Доњецк. Украина соопшти дека снабдувањето со метал на Русија од Мариупол, чија окупација и овозможи на Москва копнен мост што ги поврзува Русија и проруската сепаратистичка територија со анектираниот Крим, е грабеж.

„Денес 2.500 тони топло валани лимови го напуштија пристаништето Мариупол“, напиша Денис Пушилин, лидер на самопрогласената Народна Република Доњецк на апликацијата за пораки Телеграм.

„Бродот отплови за Ростов“, напиша Пушилин.

Русија ја презеде целосната контрола над Мариупол претходно овој месец, откако повеќе од 2.400 украински борци се предадоа од опколената фабрика за челик Азовстал.

Русија минатата недела соопшти дека пристаништето е деминирано и повторно отворено за трговски бродови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе