Вести Свет Топ вести

Украинската православна црква- Московска патријаршија прогласи целосна независност

Украинската православна црква – Московска патријаршија прогласи целосна независност од духовното водство со Русија поради руската инвазија врз Украина. Во  Украина постојат неколку цркви на православните христијани, во кои спаѓаат и УПЦ – Московска патријаршија, која досега беше подредена на поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил.

Кирил е верен на шефот на Кремљ, Владимир Путин и ги поддржува руските воени операции во странство, нарекувајќи ги противниците на руската армија во Украина „сили на злото“ и обвинувајќи ги украинските војници за „желба да го скршат историското единство на двете земји”.

  • Украинската православна црква административно е апсолутно независна од Руската православна црква и тоа е определено со повелбата што ја усвоивме вчера. Треба да се вратиме во историјата, во 1991 година кога Православната црква на Украина се здоби со управен суверенитет и независност, но не можеше да ги спроведе овие права во полн обем во подоцнежните години. Затоа, Советот што се собра вчера целосно ги спроведе сите тие права и можностите што ги доби во претходните историски периоди и направи промени во повелбата со која се дефинира нашата црква како суверена и независна, која има свој верски центар во Киев и нема никаква врска со административната подреденост на Москва, изјави Климент, Архиепископ на Православната Црква на Украина.

Руската православна црква  пак тврди дека досега не добила никакво официјално соопштение од УПЦ, за која смета дека се наоѓа во „многу тешка ситуација и е ставена под притисок од повеќе правци: од власта, од интриганти, од националистички насочени луѓе и од медиумите“, како што напиша портпаролот на РПЦ, Владимир Легојда на Телеграм со дополнување: „Екстерни сили се обидуваат да го уништат единството на Руската православна  црква“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД воведоа нови царини за 60 трговски партнери

Sasko Dimovski

Унгарски „Икарус“ повторно избран на тендерот за набавка на електрични автобуси

Sasko Dimovski

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе