Вести Свет Топ вести

Важниот железнички центар Лиман падна под руска контрола, борбите во Донбас продолжуваат

После неколку дневни бобри меѓу украинските и руските сили стратешкиот град Лиман во источниот дел на Украина паднаа во рацете на руските сили. Како што соопшти руското министерството за одбранаградот сега е под целосна контрола на самопрогласената „Народна Република Доњецк“. Лиман е важен железнички центар и пристапна точка до важни железнички и патни мостови преку реката Сиверски Доњец. Покрај британското министерство за одбрана, веста ја потврдија и сепаратистите поддржани од Москва по што се зголеми загриженоста дека опколените градови во Домбаскиот регион ќе ги доживеат истите ужаси што ги доживеале жителите на пристанишниот Мариупол.

Борбите се фокусираа на два клучни града: Северодонецк и блискиот Лисичанск. Тие се последните области под украинска контрола во Луганск, една од двете провинции што го сочинуваат Донбас и каде што сепаратистите поддржани од Русија веќе осум години контролираат одредена територија. Полицијата во Лисичанск се обидува да извлече цивили од градот. Една жена и нејзиниот 84-годишен сопруг живеат сами, соочени се со недостиг на храна и немоќни се. Катарина вели дека социјалниот работник кој се грижел за нив побегнал. Таа има 74 години и е преплашена.

  • Не сакам никој да помине низ ова. Застрашувачко е, о Боже, едноставно е застрашувачко. Не, имаше војна. Моите родители беа под окупација, но не ги чепкаа луѓето како нас. Не, не чепкаа, раскажува низ солзи Катарина, жителка на Лисичанск.

Жртвите на војната се натрупуваат. Телата набрзина се закопуваат во масовни гробници. Блискиот град на Лисичанск, Северодонецк е на раб да падне под контрола на Русите. Некои од оние кои се евакуирани од Северодонецк сега може да се најдат на линијата за стрелање во Лисичанск.

  • Мислам дека тие се кучиња кои дојдоа овде и не знаат што прават. Но, ќе има одмазда за нив. Милион пати повеќе- Данило Барболук, полицаец.

Повеќе од 70% од Северодонецк е едноставно уништен. Речиси нема повеќе патишта, а сите мостови се бомбардирани и мобилните врски се во прекин. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата во Донбас е „многу тешка“ бидејќи руските сили добиваат дополнителна територија.

Според руски воени извори украинските трупи би можеле да се повлечат од Северодонецк, кој руските сили го обиколија.

  • Непријателот се обидува да се зацврсти во Лиман. Во насока на Северодонецк, со поддршка на артилерија, врши јуришни операции во областите на Северодонецк, Осколоновка, Тошковка, немаше успех, претрпе загуби, се повлече на претходно окупираните позиции- Олександр Штупун, портпарол на Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Во меѓувреме, гувернерот на Луганск, Серхи Хаидаи, рече дека 10.000 руски војници моментално се во источниот регион. САД соопштија дека го разгледуваат барањето од Украина да му достави на Киев потешко оружје со подолг дострел, но сè уште не донеле конечна одлука.

Рускиот претседател Владимир Путин на денот на граничната служба им честиташе на руските војници за нивните „храбри акции“.

  • Почитувани другари, задачите со кои се соочувате се особено важни сега, имајќи го предвид невидениот политички, економски и информативен притисок врз нашата земја и зголемувањето на воениот капацитет на НАТО токму на границите на Русија- Владимир Путин, претседател на Русија.

Со секој изминат ден, се чини дека Русија зема уште еден дел од украинската територија. По заземањето на градот Лиман, се отвора патот за напад кон Славјанск, местото каде што сепаратистите поддржани од Русија ја започнаа својата кампања пред осум години и сега нема да се откажат без борба.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД воведоа нови царини за 60 трговски партнери

Sasko Dimovski

Унгарски „Икарус“ повторно избран на тендерот за набавка на електрични автобуси

Sasko Dimovski

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе