Вести Свет Топ вести

(видео)Двајца повредени во судир меѓу полицијата и студентите во Солун

Студент е сериозно повреден, а според дел од грчките медиуми го загубил слухот на едното уво, откако бил удрен со шок бомба од полицијата во инцидентите што претпладнево се случија пред Универзитетот „Аристотел“ во Солун, а повреден е и еден полицаец.

Инцидентите и овој пат беа пред делот од Универзитетот каде што се работи на изградба на библиотека, односно во простор што претходно, со години беше под опсада од анархисти.

Од грчката полиција соопштија дека додека полицијата ги обезбедувала градежни работи на приземјето на Универзитетот, била нападната од група од околу 120 лица и биле повредени еден полицаец и едно друго лице.

Како што објавија грчките медиуми, студентот со шок бомба бил повреден во пределот на главата, пренесен во болница, а го загубил слухот на едното уво.

За инцидентите и повредениот студент, преку социјалните мрежи реагираше портпаролот на СИРИЗА, Насос Илиопулос, кој рече дека имало „уште еден насилен напад“ од полицајците со солзавец и шок бомби, а сериозно бил повреден студент и прашува дали „Владата на Мицотакис сака да има загинат на Универзитетите?“.

Од Нова демократија реагираа дека СИРИЗА „продолжува да го зајакнува беззаконието на универзитетите“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе