Вести Свет Топ вести

Амнести интернешнал објави „алармантно зголемување“ на смртните казни ширум светот минатата година

Амнести интернешнал објави „алармантно зголемување“ на смртните казни ширум светот минатата година, со олеснување на рестриктивните мерки поради новиот коронавирус, објави АФП.

Невладината организација за човекови права со седиште во Лондон ја забележа влошената ситуација, особено во Иран, Саудиска Арабија и Мјанмар.

Во својот годишен извештај на оваа тема, објавен денеска, Амнести интернешнал пишува дека во 2021 година регистрирала 579 егзекуции во 18 земји – што претставува зголемување за 20 отсто во споредба со 483 егзекуции во претходната година. И покрај зголемувањето, најмалку егзекуции се извршени во последните две години од 2010 година.

Меѓутоа, Амнести интернешнал предвидува дека во извештајот не се опфатени „илјадници луѓе кои се осудени на смрт и егзекутирани во Кина“, Северна Кореја и Виетнам поради ограничениот пристап до информации.

Повеќе од половина од 314 егзекуции пријавени во извештајот во 2021 година се извршени во Исламската Република Иран. Многу од нив се поврзани со шверц на дрога, истакна организацијата.

Во Саудиска Арабија се извршени 65 смртни казни – двојно повеќе од 2020. За еден ден во март годинава, во ултраконзервативното кралство биле егзекутирани 81 лице.

Минатата година во светот беа изречени 2.052 смртни казни во 56 земји, што е за речиси 40 отсто повеќе од претходната година. Амнести интернешнал објави алармантни трендови во Бангладеш (најмалку 181 пресуда), Индија (144) и Пакистан (129).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе