Украинската влада одбива мировни преговори кои подразбираат отстапување на нејзина територија на Москва. Признавајќи дека позицијата на Киев за војната станува се побескомпромисна, украиснките власти сметаат дека вакви отстапки би и се вратиле со одмазда, бидејќи по секој прекин на војната за да се преговара, Русија на терен враќа агресивно и покрваво. И покрај падот на Мариупол, Украина не се откажува од својата земја.
Апсолутно е јасно дека нема да предадеме нашата земја. Во однос на тоа дека Путин нема излез- тоа не е точно. Нема да ја заземеме Москва, ниту имаме намера да го егзекутираме Путин на Црвениот плоштад, немаме намера да го натераме да се самоубие во својот бункер, како Хитлер. Да, тој е Хитлер на 21 век, но намерата на Украина е да ја ослободиме нашата земја и тоа е се, изјави ОЛЕКСЕЈ ГОНЧАРЕНКО, ПРЕМИЕР НА УКРАИНА
По падот на стартешки важниот Мариупол, Украина добива загрижувачки повици од Западот да попушти кон барањата на Путин, алармираат од официјален Киев. Но, според полскиот претседател Анджеј Дуда, кој е во ненадејна посета на Киев, Украина треба да ги игнорира овие барања затоа што отстапувањето дури и педа украинска територија ќе биде удар за целиот Запад. Дуда вели дека Украина сама треба да си одлучи за својата иднина.
Во источниот дел на Украина бомбардирањето продолжува со несмален интензитет во Донбаскиот регион.
Ситуацијата во Донбас е исклучително тешка. Како и претходните денови, руската армија се обидува да ги нападне Славјанск и Северодонецк. Вооружените сили на Украина секојдневно ја ограничуваат оваа офанзива, изјави зеленски.
Во градот Соледар нема ниту една здрава зграда. Луѓето се во скривниците под земја, во страв и незивесност кога ќе можат да излезат. Велат дека можат да издржат и без вода и без струја, но бомбите не можат да ги издржат.
Толку е погрешно. Зошто да страдаат цивилите? Колку луѓе веќе си заминаа? Колкав процент од популацијата? И уште колку ќе бегаат низ Украина?, прашува ДИМЕТРИ ЈЕСИПЕНКО, СОВЕТНИК НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СОЛЕДАР
Со мировните преговори во ќор сокак, а и со новиот претседателски указ со кој се продолжува воената состојба во земјата уште за три месеци, воениот конфликт нема изгледи дека во блиска иднина ќе се смири. Во обид да го зајакне својот аресенал, Путин во Донбас ги пушти и т.н. терминатор тенкови за урбаните делови, кои можат да уриваат ровови и високи ѕидови. Но, мали се шансите војната да се реши само со воена моќ. Најмногу поради тоа што и Русија и Украина трпат сериозни економски штети, а не е јасно уште колку долго Западот ќе ја помага украинската страна.
Алиса Шутиноска
