Се предадаоа и последните украински војници кои останаа во челичарницата Азовстал кои го бранеа пристанишниот град Мариупол. По повеќемесечна битка, Русија прогласи победа, соопштувајќи дека во текот на вечерта 531 војници го напуштиле засолништето, и сега градот и фабриката се целосно ослободени. Дозвола, војниците да излезат од подземните тунели, добиле од воената команда од Киев, сигнализирајќи им дека можат да си ги спасат животите. Но, грижите на Киев се сега сериозни, затоа што со предавање на овој стратешки важен град, руските сили лесно ќе го опколат и истиочниот дел од земјата, каде се фокусирани битките. Тука е се уништено, рече претседателот Зеленски, и предложи да се направи формален договор со сојузничките земји за обезбедување компензација од Русија за штетата што нејзините сили ја предизвикаа за време на војната.
Според таквиот договор, руските средства и имот под јурисдикција на земјите партнери ќе мора да бидат запленети или замрзнати, а потоа конфискувани и насочени во специјално создаден фонд од кој сите жртви на руската агресија можат да добијат соодветна компензација. Тоа би било исправно. И Русија би ја почувствувала тежината на секоја ракета, секоја бомба, секоја граната што падна врз нас, предлага ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УКРАИНА
Зеленски вели дека само дипломатијата може да ја сопре војната во неговата земја, и покрај тоа што мировните преговори се во ќор сокак. И покрај тоа што Украина сака се да се врати и да биде како порано, Русија не е на оваа линија.
Руската војска го интензивира јуришот врз Донбаскиот регион. Според најновиот извештај од министерството за одбрана, операцијата за ослободување на Луганск се ближи кон крајот.
Војници на Руските вооружени сили, заедно со војници од народните милиции во народните републики Доњецк и Луганск, продолжуваат да ја прошируваат контролата над териториите во Донбас. Ослободувањето на Народната република Луганск се ближи кон крајот, изјави СЕРГЕЈ ШОЈГУ – МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА
Во својата немоќ од воведените санкции од Западот, се зголемува и руската агресија. За да ја заштити својата домашна валута, инсистира гасот да и се плаќа во рубљи. Финска е трета земја челнка на ЕУ која ова го одбива и затоа утринава руски Гаспром ја затвори славината за својот сосед.
Финска увезува најголем дел од својот гас од Русија, но гасот сочинува помалку од една десетина од потрошувачката на енергија во земјата. Фински Гасум ги смирува клиентите бидејќи снабдувањето со гас е обезбедено за наредните месеци.
Потегот на Москва доаѓа неколку дена по барањето на Финска да стане дел од НАТО, што предизвика вознемиреност во Кремљ, од каде порачаа дека Русија ќе го засили военото присуство на западот од земјата. Планира до крајот на годината на граничната линија со Финска да постави 12 воени единици и дивизии.
Алиса Шутиноска
