Вести Македонија Најважни

Се заканува ли паралелен увоз на лекови од непозната фирма?

Околу двесте и педесет пациенти со ретки болести и нивните семејства стравуваат дека непозната фирма ќе увезува лекови за нив. Како што биле известени, на отворената тендерска постапка од Министерството за здравство и покрај тоа што се јавиле повеќе веледрогерии и дистрибутери, најниските цени за увоз кои ги понудила фирмата за 42 од 46 лекови за ретки болести, биле причина Тендерската комисија да се одлучи да ја разгледа нејзината документација. Од Здружението за ретки болести алармираат дека доколку биде склучен договор со фирмата, ќе се повтори сценариото од 2016 година кога преку паралелен увоз од Турција беа донесени фалсификувани лекови , кои дополнително го влошиле здравјето на нивните штитеници.

  • Таквиот паралелен увоз  кога некоја фирма која никогаш до сега не носела лекови , која нема договор со фармацевски компании, кога не се знае потеклото од каде доаѓа лекот , каде бил чуван лекот, како е транспортиран, сетоа тоа доведува до знак прашалник за безбедноста и квалитетот на самите лекови, изјави  Весна Алексовска – претседателка на Здружението „Живот со предизвици“

Загрижени за безбедноста на лековите по нивното здравје,  од Здружението се обратиле до министерот и заменик министерот за здравство и до Агенцијата на лекови. Од сите добиле идентичен одговор дека случајот не е во нивна, туку во ингеренции на Тендерската комисија и дека доколку фирмата ги има сите потребни документи, ќе помине на тендерот .Според  Алексовска дополнително ги револтира ситуацијата доколку стигнат неквалитетни лекови и фармацевските компании ќе се оградат од нив зашто увозот не го вршат тие. А, увозот  на лекови за ретки болести требало да се изврши на почетокот на годината, а не сега.

  • Не смееме да дозволиме пациентите да не бидат сигурни во квалитетот на лековите што ги добиваат. А, исто така не смееме да дозволиме да доцнат лекови и тендери, како што сега се случува истото, вели Алексовска. 

И покрај потпишаната декларација минатата година од страна на државата дека ќе се застапува против фалсификувани лекови, паралелниот увоз не е стопиран. А, по 5 години работа на измените на законите за здравствена заштита и за лекови , тие сеуште се закочени во Собранието.  Од Здружението од понеделик ќе се обидат да стапат во контакт со Тендерската комисија при МЗ, која го има последниот збор за увозот на лековите за лицата со ретки болести, од непознатата фирма.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

38 лица затруени со салмонела во фабрика во Прилеп

Дејан Дејан

ЕК: Мешањето во судството предизвикува загриженост

Дејан Дејан

Во ек на пожари се бараат ресурси, доброволците ќе добиваат по 20 илјади денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе