Вести Свет Топ вести

Шведска и Финска од Белата Куќа го убедуваат Ердоган дека никогаш не поддржувале тероризам

Белата Куќа во Вашингтон беше местото од каде Шведска и Финска ги кажаа ставовите за силната намера да станат дел од НАТО Алијансата. Руската агресија врз Украина ги потсети на најмрачните денови во Европа, и овие мирни скандинавски земји кои се во непосредна близина на руската граница одлучија да излезат од својата вековна воена неутралност и да му се придружат на најголемиот воен сојуз. Во темни денови, добро е да сме со пријателите, рече шведската премиерка.

Делиме вредности и верувања за демократијата и слободата. Вредности и верувања кои сега се ставени на тест, а денес ситуацијата во Украина не потсетува на најмрачните денови од европската историја. И морам да кажам, дека за време на мрачни денови, одлично е да си меѓу блиските пријатели, изјави МАГДАЛЕНА АНДЕРСОН, ПРЕМИЕР НА ШВЕДСКА

Но, патот за Шведска и Финска до НАТО не е чист, откако турскиот претседател Ердоган и денеска го потврди најавеното вето, ако не му се исполнат десет услови. Официјална Анкара бара од Шведска и Финска да ја прекине поддршката за курдските милитанти кои ги смета за терористи, како и да ги укинат санкциите за забрана за продажба на оружје во Турција, што според Ердоган е сериозно загрозување на безбедноста. И Шведска и Финска убедуваатв дека се против тероризам.

Отворени сме за дискусија, за сите грижи на Турција која ги има за нашето членство на отворен и конструктивен начин. Овие разговори веќе се почнати и ќе продолжат во наредните денови, вели САУЛИ НИНИСТО, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФИНСКА

За домаќинот, американскиот претседател Бајден, нема сомнеж дека двете земји ги исполниле сите услови, а нивните кандидатури доаѓаат во време кога се најмногу потребни за да се разубеди јавноста дека НАТО е сепак важна институција.

Но, во изминативе години, се јавија сомнежи. Дали е НАТО важен? Дали е се уште ефикасен? Потребен ли е во светот во 21 век?. Денеска, нема сомнеж. НАТО е релевантен, ефикасен е и потребен е од кога било, порача ЏО БАЈДЕН, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

Прашан од новинарите дали ќе ја убедат Турција, Бајден им рече дека се ќе биде добро, а за генералниот секретар на Алијансата, различните мислења на 30-те земји членки е сосема нормално.

Во меѓувреме, повеќе од 900-тини Украински војници, кои се криеја во челичарницата Азовстал, по предавањето се пренесени во затворски камп на територијата која ја контролираат про-руските сили, потврди официјална Москва. Евакуацијата продолжува но нема никакви детали што точно се случува.

Украина е сериозно економски погодена, а руската блокада на Црното Море не дозволува да продолжи трговската размена на житарици, што предизвикува загриженост дека кризата во снабдувањето со храна, би можела да потрае неколку години. Москва вели дека може да го послуша апелот на ОН и да ги одблокира украинските пристаништа, под услов да се укинат санкциите против неа.

Алиса Шутиноска

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе