Вести Свет

Шарл Мишел предлага формирање Европска геополитичка заедница

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска предложи формирање на европска геополитичка заедница која ќе придонесе за зближување и зајакнување на соработката меѓу европските земји, вклучително и Западен Балкан, во решавањето на заедничките предизвици, промовирањето мир и стабилност и безбедноста на континентот.

Земјите од Западен Балкан, земјите кои се приклучуваат од нашето источно партнерство и другите европски земји со кои имаме блиски односи се првите на кои мислам. Лидерите на земјите кои би учествувале во овој проект ќе се состануваат најмалку двапати годишно, а надворешната политика би била најважната област на соработка во таа заедница, рече Мишел.

Во говорот на денешната седница на Европскиот економски и социјален комитет во Брисел, тој најави дека веќе почнал консултации со лидерите на ЕУ 27 за формирање на Европската геополитичка заедница и оти ова прашање ќе го стави на дневен ред на јунскиот самит на ЕУ.

Во координација со француското претседателство со ЕУ ќе организирам средба со лидерите на ЕУ и на Западен Балкан во јуни, на маргините на Европскиот совет, најави Мишел.

Претседателот на Европскиот совет за лето најавува и конференција на која треба да се соберат лидерите на ЕУ и заинтересираните партнерски земји за да разговараат за конкретни опции за новиот заеднички проект.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европска централна банка: Каматните стапки остануваат непроменети поради флуктуациите на цените на нафтата

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Аневска во Телма интервју: Скопјани пијат безбедна вода – изворот Рашче е хемиски стабилен, се прават 20.000 анализи годишно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе