Вести Македонија Најважни

Заедничка литургија на МПЦ – ОА и СПЦ во храмот „Свети Сава“, во четврток во Белград

Поглаварот на МПЦ – ОА архиепископот г.г. Стефан и поглаварот на Српската православна црква патријархот Порфириј во четврток во хрaмот Свети Сава ќе одржат заедничка литургија на која ќе сослужуваат сите архиереји од двете цркви.

Оваа литургија следува откако Соборот на Српската православна црква (СПЦ) вчера соопшти дека го обновува канонското едиство со Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и го прифаќа статусот на најширока можна автономија со целосна внатрешна независност, кој ѝ бил доделен уште во 1959 година.

Одлуката предизвика жестоки реакции во домашната јавност, а владиката Петар е единственот од МПЦ – ОА кој се произнесе околу одлуката со која смета дека работите се придвижуваат нанапред.

Одлуката на СПЦ да го обнови канонското единство со Македонската православна црква – Охридска архиепископија е чекор напред во односите меѓу двете цркви. Штом српската црква прифатила да ги решаваме овие прашања, не гледам што би можело да биде негативно во овој процес, рече преспанско-пелагонискиот митролопит Петар.

Дел од српските медиуми тврдат дека деновиве има засилена дипломатија и разговори меѓу двете цркви и дека некои високи членови на МПЦ – ОА се веќе во Белград.

За домашните аналитичари, во недостаток на официјални информации од македонска страна, одлуката на Саборот на СПЦ е чекор назад, но разликата ја прави одлуката на Вселенската патријаршија која е крајна инстанца за сите спорни прашња со Српската православна црква

Два наводи или точки во одлуката на Саборот на СПЦ за сехристијански консензус за евентална автокефалност на МПЦ – ОА и дијалогот за идниот и евентуалниот конечен статус на епархиите во Македонија, го привлекоа вниманието и на јавноста и на експертите.

На 9 мај Вселеншата патријаршија донесе одлука со која ја призна каноничноста на МПЦ – ОА со што по 55 години македонското свештенство може да сослужува со свештенството на сите останати правосласвни цркви во светот.

По 55 години македонската црква повеќе не е реасколничка а со вчерашната одлука на Саборот на СПЦ останува времето да покаже дали е на чекор поблиску, или подалеку од автокефалност.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Условна казна затвор за екс претседателката на Антикорупциска Taтјана Димитровска

Tea Dimkovska

Наркодилерот Цуната кој побегна од прозор на полициска станица Кочани во бегство – директорот на БЈБ очекува професионалност

Tea Dimkovska

Работникот што загина при пад од скеле на Пречистителната станица не носел заштитно јаже

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе