Вести Македонија Најважни Свет

Западен Балкан и влијанието на војната во Украина врз регионот – тема на Советот на ЕУ

Западен Балкан и влијанието на војната во Украина врз тој регион ќе биде темата на редовниот мајски совет на ЕУ кој ќе се одржи денеска во брисел.

Идејата е заедно со нивните колеги од Западен Балкан да се разгледа влијанието на „руската агресија“ врз регионот. Министерите за надворешни, ќе добијат стратешки документ во кој се претставени начини како ЕУ да ја помогне и поддржи отпорноста на Западниот Балкан и да се решат последиците од „руската агресија врз Украина“.

„Западниот Балкан е силно погоден, почнувајќи од економскиот, политичкиот, дипломатскиот, комуникацискиот и безбедносниот сектор. Мораме да работиме на нивната издржливост бидејќи сите тие се на наша страна. Сите тие ја отфрлија руската агресија и тие се наши партнери и по тоа прашање“, се наведува во Советот на ЕУ.

Шефовите на дипломатиите од Западен Балкан ќе разговараат за конкретните проблеми на секоја земја, можната поддршка и соработка, но и за степенот на усогласеност со политиката, акциите и санкциите на ЕУ. На овој состанок ќе учествува и министерот на македонската дипломатија Бујар Османи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Падна Владата на Украина, премиерката Свириденко поднесе оставка

Kristina Kuzmanovski

Граѓани го гаснат огнот што се доближува до црквата во Бајково – се чека помош од ер тракторите

Sonja Petrusevska

Уапсен Македонец кој лажно се претставувал како лекар во Хрватска и измамил шест лица за 41.000 евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе