Вести Свет

Грузија нема да го признае референдумот за соединување на Јужна Осетија со Русија

Грузија нема да ги признае резултатите од референдумот во Јужна Осетија за соединување на отцепениот регион кон Русија, изјави денеска претседателот на грузиската владејачка партија Грузиски сон – Демократска Грузија, Иракли Кобахинѕе.

Имаме своја јасна политика и став. Секако нема да признаеме ниту една друга власт во Јужна Осетија, ниту резултати од избори и референдум за пристапување на Јужна Осетија во Руската Федерација, посочи Кобахинѕе.

Властите на отцепениот грузиски регион Јужна Осетија вчера соопштија дека на 17 јули ќе одржи референдум за соединување кон Русија.

Приклучување кон Русија побараа и сепаратистичките региони на Украина, Доњецк и Луганск.

Русија во 2008 година ја призна независноста на Абхазија и на Јужна Осетија.а

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европската централна банка ги одржува каматните стапки непроменети поради флуктуациите на цените на нафтата

Kristina Kuzmanovski

ВЛЕН: Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајас?!

Дејан Дејан

СДСМ: Организираната криминална група ВМРО ќе ја отруе цела Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе