Бугарскиот патријарх и митрополит софиски Неофит е итно задржан по инцидентот што му се случил вчера во болницата „Софијамед“.
Од прегледите е констатирана скршеница на горниот дел од левата бутна коска.
Поглаварот на Бугарската православна црква е сместен на Клиниката за ортопедија и трауматологија на здравствената установа, каде што ќе му биде извршена дополнителна интервенција.
Бугарскиот патријарх е во стабилна состојба.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
