Вести Свет

Путин ја повлече ФСБ од Украина? „Праќа нов човек, брутален е до степен на немилосрдност“

Рускиот претседател Владимир Путин ја деградираше ФСБ откако не успеа во првата фаза од офанзивата и објави дека војниците одбиваат да ги извршуваат наредбите во Украина, пишува Телеграф.

Наместо ФСБ, бруталната руска воена шпионска единица ГРУ, која се обиде да го убие Сергеј Скрипал во Солсбери во 2018 година, доби команда со руските разузнавачки операции во Украина, додава Телеграф.

Напади на Запад

Во војната беа убиени неколку руски генерали, а беа уништени и други важни цели, како што е водечкиот брод на руската Црноморска флота.

Назначувањето на ГРУ во Украина треба да ги подобри перформансите на руската војска, изјави Андреј Солдатов, истражувач и академик специјализиран за руската шпионска заедница.

„Ќе биде поефикасно на бојното поле, се разбира. Контактот со единиците е подобар, логистиката е подобра“, рече тој.

Новиот човек задолжен за собирањето разузнавачки информации на Путин во Украина е генерал полковник Владимир Алексеев, кој беше вклучен во напади и обиди за атентат на Запад.

„Велика Британија и Европската унија го обвинуваат Алексеј дека го надгледувал нападот со хемиско оружје во Солсбери 2018 година. Тој е искусен специјален агент, тој исто така е санкциониран од САД за директно сајбер мешање во американските избори во 2016 година“, рече Солдатов.

„Подготвен за убиство“

Генералот Алексејев беше унапреден во прв заменик-шеф на ГРУ во 2012 година.

„Алексејев водеше воена операција во Сирија и беше вклучен во конфликтот во Донбас. Колегите офицери го сметаат за брутален и самоуверен до степен на немилосрдност. Тој секогаш е подготвен да убива“, рече Солдатов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без дозвола зел возило на „Црвен Крст“, каде што волонтирал и удрил во повеќе паркирани возила

Sonja Petrusevska

(Видео) Да трпиме за вода на овие температури во јули, ова го нема никаде – анкета меѓу гостиварци

Sasko Dimovski

Угостителите во Гостивар преминаа на пакувана вода, пластичен прибор и хартиени чаши – утврди Агенцијата за храна и ветеринарство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе