Вести Свет

Макрон: Нереално е Украина наскоро да влезе во ЕУ, освен ако не ги намалиме стандардите за пристапување

Нереално е да се очекува скоро влегување на Украина во ЕУ, смета францускиот претседател Макрон, и предложи создавање на европска политичка заедница која би можела да ја прифати Украина. Тој во својот говор пред Европскиот парламент по повод Денот на Европа рече дека на сите им е познат процесот за пристапување во Унијата кој обично трае со години, па дури и децении, освен ако нешто не се преземе да се скрати истиот и да ги намали стандардите.  Со неговиот нов предлог, оваа нова заедница ќе им овозможи на демократските нации кои се придржуваат до европските вредности да најдат нов простор за политичка соработка.

Францускиот претседател, оваа идеја ја презема од 1989 година, од неговиот претходник претседателот Франсоа Митеран, кој ја отвори оваа дебата додека Советскиот Сојуз се распаѓаше, предлагајќи создавање на европска конфедерација, но тогаш овој предлог не беше прифатен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Документарецот „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски, кој им даде глас на преживеаните од Кочани, со светска премиера на сараевскиот фестивал

Sonja Petrusevska

Македонското знаме, конечно, во кабинетот на Ахмети – амбасадорите му сугерирале, тој прифатил

Sasko Dimovski

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 24.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе