Нереално е да се очекува скоро влегување на Украина во ЕУ, смета францускиот претседател Макрон, и предложи создавање на европска политичка заедница која би можела да ја прифати Украина. Тој во својот говор пред Европскиот парламент по повод Денот на Европа рече дека на сите им е познат процесот за пристапување во Унијата кој обично трае со години, па дури и децении, освен ако нешто не се преземе да се скрати истиот и да ги намали стандардите. Со неговиот нов предлог, оваа нова заедница ќе им овозможи на демократските нации кои се придржуваат до европските вредности да најдат нов простор за политичка соработка.
Францускиот претседател, оваа идеја ја презема од 1989 година, од неговиот претходник претседателот Франсоа Митеран, кој ја отвори оваа дебата додека Советскиот Сојуз се распаѓаше, предлагајќи создавање на европска конфедерација, но тогаш овој предлог не беше прифатен.
