Вести Свет Топ вести

Евакуираните од Азовстал пристигнаа во Запорожје

Конвој автобуси со луѓе од југоисточна Украина, вклучително и околу 40 цивили кои се криеле во фабриката за челик Азовстал во опколениот Мариупол, пристигна во Запорожје, град под контрола на Украина, соопштија Обединетите нации (ОН).

Координаторката на ОН за Украина Оснат Лубрани рече дека во градот пристигнале осум автобуси, пренесува РСЕ.

Околу 40 од 174 лица кои пристигнаа во Запорожје од фабриката за челик Азовстал се спасени.

Лубрани рече дека во последните десет дена бројот на евакуирани од тоа подрачје е зголемен на повеќе од 600, но дека оваа важна работа се уште не е завршена.

ОН се свесни дека голем број луѓе кои сакаа да се приклучат на конвоите за евакуација во последните денови не можеа да го сторат тоа, рече таа.

Еден ден претходно, украинските власти соопштија дека сите жени, деца и постари лица биле евакуирани од фабриката за челик во Мариупол, која со недели беше под опсада од руските сили.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Документарецот „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски, кој им даде глас на преживеаните од Кочани, со светска премиера на сараевскиот фестивал

Sonja Petrusevska

Македонското знаме, конечно, во кабинетот на Ахмети – амбасадорите му сугерирале, тој прифатил

Sasko Dimovski

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 24.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе