Францускиот претседател Емануел Макрон беше инаугуриран денеска за својот втор мандат, во текот на церемонијата во Елисејската палата.
Тој беше реизбран за нов петгодишен период како шеф на француската држава на вториот круг од претседателските избори на 24-ти Април, победувајќи ја кандидатката на крајната десница, Марин Ле Пен. На тој начин, Макрон е првиот француски претседател во историјата, кој успеал да освои два петгодишни мандати еден по друг.
Околу 500–тина гости беа присутни на церемонијата, каде претседателот на Францускиот Уставен совет ги прочита резултатите од изборите.
Во своето обраќање до нацијата, тој вети дека ќе изгради посилна Франција во наредните пет години, подготвена да се справи со политичките, економските и социјалните предизвици на иднината.
Меѓу своите итни приоритети, тој ги наведе деескалацијата на руската војна во Украина, промовирањето на демократијата и борбата против климатските промени, ветувајќи дека Франција ќе биде еколошка сила која ќе биде пример за сите земји во светот.
Макрон, формално ќе го почне својот нов мандат на 14-ти Мај.
