Вести Македонија Најважни

Империја заврши со спогодба за бизнисменот Орце Камчев. Русковска, Стефанова и Јовевски му го прифатиле предлогот: уплатил 5,2 милиони евра и добил само една година затвор

Бизнисменот Орце Камчев осомничен за предметот перење пари под истражното име „Империја“ куртули од судски процес против него.

Во средата судијата на претходна постапка му ја верификувало казната од една година затвор која претходно ја договорил со обвинителското трио Јовевски, Русковска, Стефанова.

Камчев, освен едногодишната затворска казна, оваа недела уплатил 5,2 милиони евра на управата за јавни приходи заради пресметан непалтен данок со фирмата „Орка холдинг“ и „Кара“. Русковска, деталите за исторсиката спогодбата заради висината на упалтената сума со Камчев ја објасни гостувајќи во дебатната емисија, Топ Тема.

Пред 15 дена, Камчев и неговите адвокати тропнале на врата кај надлежнито обвинител и понудиле спогодба.

Откако Лиле Стефанова како надлежен обвинител, и шефицата на организиран Русковска се согласиле со понуденото, побарале и добиле согласност од јавниот обвинител Љубомир Јовевски.

Парите на Камчев се чисти, тврди Русковска, според која подобро е спогодба и уплата веднаш, отколку дологогодишни судски процеси и заплени на имот кој тешко се продава.

Откако обвинителката Лиле Стефанова која  ја води истрагата во организиран, истрага прелеана од поранешното специјално обвинителство објави дека  е завршена, но и проширена, до нив стасуваат сигнали дека и други осомничени се интересираат за спогодба.

„Империја“ требаше да ги сруши истражителскит рекорди по својот обем како предмет, но и суми кои се завртеле на сметките и во џебовите на десетмина македонски бизнисмени и поранешни функционери, меѓу кои Сашо Мијалков, Цветан Панделевски – „Пелистерка“.

Засега прв имот кој падна под судски мраз е оној на екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

Во висина од 32 милион и евра судот на барање на обвинителството замрзна неколку фирми кои располагаат со удели и недвижен имот а се поврзуваат со Мијалков. „Ексико“, „Девоулп груп“ се имињата на комапниите кои се поврзани со офф шор шеми, но и перење пари во кои главни актери спроед доказите на истрагата се Мијалков и сега спогодениот Орце Камчев, кои го исзбегна судскиот процес.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Измените во КЗ го ослободија Груевски од „Талир 2“ – одбиена конфискацијата на партискиот имот

Sonja Petrusevska

Опозицијата не го прифаќа извинувањето на Мицкоски, бара санкција за Стоилковиќ

Дејан Дејан

Ревизија алармира за Комунална хигиена – граѓаните ја потврдуваат лошата состојба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе