Вести Македонија Најважни

Американска конгресменка најави можни санкции за Бугарија поради ветото за Северна Македонија

Американската конгресменка Клаудија Тени вели дека размислува да формира коалиција на Капитол Хил што би работела на можни санкции против Бугарија, бидејќи не го трга ветото за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија.

Во интервју за „Гласот на Америка“, таа вели дека се покажало оти официјалното писмо што група конгресмени го испратија до бугарскиот амбасадор во Вашингтон, Тихомир Стојчев не функционирало, како и дека целта на ваквата коалиција со членови од Претставничкиот дом и Сенатот, би била да ја поттикнат Бугарија на дијалог.

– Ако би можеле да најдеме накаков вид санкции што би биле ефективни за да ги доведеме на маса, или нешто што би поттикнало решение на овој конфликт и безобразно однесување, кое би можело да доведе до агресија и до проблеми во иднина во овој регион. Бугарското прашање сè уште виси. И очигледно треба да ги притискаме да се вклучат во дијалог и да ги минимизираме нивните обиди за дестабилизација на ситуацијата, изјави Клаудија Тени, американска конгресменка.

При вчерашната посета на Скопје помошникот државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид им порача на македонските власти да продолжат со напорите, бидејќи Македонија се докажа како стабилен партнер на НАТО и земјата заслужува да напредува..

Донфрид денеска е во Тирана каде ситакна дека САД сака да се оддржи меѓувладината конференција на ЕУ за старт на прегворите со Македонија и Албанија што е можно побрзо..

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Падна Владата на Украина, премиерката Свириденко поднесе оставка

Kristina Kuzmanovski

Граѓани го гаснат огнот што се доближува до црквата во Бајково – се чека помош од ер тракторите

Sonja Petrusevska

Уапсен Македонец кој лажно се претставувал како лекар во Хрватска и измамил шест лица за 41.000 евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе