Вести Македонија Најважни

Бугарија не ги слуша повиците на ЕУ за старт на преговорите со Македонија

Ништо не ја премислува Бугарија за да ја крене рампата за Македонија. Откако денеска во Софија речиси сите релевантни, сегашни и поранешни, претставници за проширувњето на Европската унија и испратија порака дека итен старт на преговорите со Македонија не е повеќе прашање само на политика, туку е и нужност, Софија останува глува и продолжува да ја повторува реченицата – прво Бугарите во македонскиот Устав, потоа отворање на преговорите.

„Прво да го исполнат пред да ги започнат преговорите. Тоа е условот“, рече Генчовска.

Ова Генчовска го изјави пред и да влезе во салата во Софија каде се одржуваше конференцијата посветена на војната во Украина, како лекција за тоа дека проширувањето е противотров за војна, а во која еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи отворено кажа дека е разочаран што прашањето за преговорите со Македонија, иако го сметал за затворено уште пред две години, повторно е на маса.

„Бев тука пред три недели. И ќе бидам среќен да доаѓам толу често се додека е потребно за да се придвижи тоа и да го завршиме во јуни оваа година. Бидејќи војната ни покажа дека немаме време за губење. Не само време, туку немаме и интерес да губиме повеќе време на ова“, рече Вархеи.

Поранешната висока претставничка на Унијата за надворшна политика, Федерика Могерини, пак порача дека Унијата треба да учи од грешките од минатото за да избегне грешки денеска, велејќи дека комплетирањето на интеграцијата на Европскиот континент е пред се и над се интерес на секоја земја-членка на ЕУ и тоа е национална агенда.

Но Генчовска во своето обраќање остана конзистентна на трдите ставови на Бугарија.

„Нашата поддршка за европската перспектива за Западниот Балкан е категорична, но не и безусловна. Тоа се искажува преку нашето очекување, дека освен геополитичката ориентација за земјите-кандидати, за нив ќе биде клучно да се придржуваат и кон основните европски вредност, како што е добрососедството. Со нашите најблиски сосседи од Скопје сме во постојан контакт водени од заемниот стремежот за надминување на разликите создадени од времето на југословенскиот режим“, рече Генчовска.

Македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, од конференцијата ја предупреди Унијата за намалувањето на довербата кај македонските граѓани поради неодржување на својот збор кон земјава, но и недостиг од стратешки пристап од Брисел кон регионот.

„Дали има стратешки пристап? Дали има стратешко лидерство на ЕУ кон Западниот Балкан. Не би можел да кажам во моментов“, рече Османи.

Османи притоа и порача на Унијата дека сега е време таа да преземе стратешко лидерство.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Работникот што загина при пад од скеле на Пречистителната станица не носел заштитно јаже

Tea Dimkovska

Нафтата поскапа за 15 отсто за само четири дена, експертите предлагаат кризната состојба да продолжи, но да се внимава со мерките.

Дејан Дејан

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе