На четири дена пред Франција да гласа за нејзиниот следен претседател, двајцата кандидати актуелниот претседател Еманел Макрон и неговата противкандидатка Марин Ле Пен се соочија во нова ТВ дебата. Не требаше многу за судирот кој траеше речиси три часа да се вжешти. Макрон и ле Пен на јмногу се расправаа за трошоците за живот, за Европа, климатските промени и имиграцијата. Но, кога дојде темата за војната во Украина, Макрон ја нападна Ле пен обвинувајќи ја дека таа буквално зависи од моќта на Русија и Путин, најмногу поради тоа што често зема кредити од руската банка. Ле Пен ги одби обвинувањата, велејќи дека отсекогаш била патриот и слободна жена.
Лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен заостанува зад центристот Емануел Макрон во анкетите, но милиони гласачи сè уште се неопределени. Еве дел од дебатата.
