Финските власти одлучуваат дали ќе ги суспнедираат летовите од Македонија, откако од скопскиот аеродром во Турки пристигна уште еден ковид лет. За сега е сигурно дека ќе се бара со себе секој патник кој ќе доаѓа во Финска од Македонија да има негативен ПЦР тест.
Последните ковид патници кои долетаа во вторникот се ставени во карантин, кај 17 од нив тестот за ковид 19 е позитивен. Меѓутоа , иако за суспендирање на летот Скопје – Туркиу финската влада неколкупати одржа прес конференции, денеска министерот за транспорт и врски на Финска, уште еднаш на својот твитер профил повтори дека вакви одлуки не може да се донесат на ниво на влада.
Освен тоа ,според законот за воздухопловство, финската агенција за транспорт и врски Трафиком може да носи одлуки за возухополвниот сообраќај , како авионите рабаотат и каде ќе слетаат. За прекин на трасата сепак треба да одлучат епидемиолозите.
„Трафиком не е агенција за здравствена безбедност, така што не можеме да направиме независна проценка дали се исполнети условите да се прекине летот. За тоа, треба да се консултираме со здравствените власти “, Јарко Саримски, генерален директор на Трафиком.
Според нивните закони, додава Саримски, дури и да се прекине летот од нашиот аеродром, патниците сепак би можеле да пристигне во Финска од Скопје , со неколку прекачувања низ Европските земји.
„Во рамките на нашите надлежности, не можеме да интервенираме во патувањето на патниците во транзит. Со застанувања, можеби нема да имаме контрола од која земја потекнува лицете, затоа властите треба да се насочат кон тестирање за ковид – 19 “, Јарко Саримски, генерален директор на Трафиком.
До овие дилеми на Финска дојде откако за нецел месец , во Турку – јужна Финска од скопскиот аеродром слетаа околу 50 патници позитивни на коронавирус. Само на последниот лет пред 2 дена имаше 17 ковид заразени. Пред две недели пак од Скопје во јужна Финска слетаа 5 транзит патници. Од првиот лет пак на 8 август, кога по доброволното тестирање на сите кои пристигнаа скопскиот аеродром има 26 позитивни луѓе. Тоа беше аларм за финските власти, да ги тестираат сите патници кои ќе стапнат на нивно тло, а безразлика на реултатите од тестот сите задолжително мораат да одат во 14 дневен карантин. За тие што ќе се обидат да го прекршат ова правило, следи парична казна или три месечен притвор.
Нашата Комисија за зарзани болести од друга страна , по неколку ковид лета на релација Скопје – Турку , вчера донесе одлука за задолжителен ПЦР – тест за патниците од Косово кои минуваат низ земјава. Транзит-патниците ќе треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Но , предлогот треба да се достави до Владата.
Инаку, најголем дел од патниците во четирите лета биле со косовски и фински пасоши , но Финска ја стави Македонија на листата високоризични земји.
Теодора Цветковска