Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини украинските власти дека го одолговлекуваат, па дури и го поткопуваат мировниот процес, со постојано менување на барањата и непочитување на веќе договорените елементи од мировниот договор. Лавров потсети дека за време на преговорите во Истанбул на 23 февруари, украинците презентираа сет предлози во кој јасно предложиле дека идните безбедносни гаранции за Украина нема да ги опфаќаат Крим и Севастопол.
„Оваа јасна изјава недостасуваше во вчерашнито предлог. Наместо тоа, беа понудени некакви нејасни формули за „ефективна контрола“ врз основа на состојбата од 23 февруари. Дополнително започна да циркулира и идејата за покренување на прашањата за Крим и Донбас за време на средбата меѓу претседателите на Русија и Украина. Сите се сеќаваме дека Претседателот Зеленски повеќе пати зјавуваше дека таквата средба би била возможна само откако ќе престанат борбените активности, изјави Сергеј Лавров – рускиот министер за надворешни работи.
И покрај ваквите, провокации, како што ги нарече Лавров, руската делегација ќе ги продолжи преговорите.
Во меѓувреме, во Брисел, министрите за надворешни работи на НАТО членките, разгледуваа начини како дополнително да ја помогнат украинската одбрана на истокот од земјата.
Не гледаме руско повлекување, тоа што го гледаме е руско регрупирање и рапозиционирање на нивните сили од северна Украина и во исто време преместување на истите сили во источна Украина. И очекуваме голема битка во Донбас, предупреди Јенс Столтенберг – Генерален секретар на НАТО
Но Украинскиот министер за надворешни работи тврди дека таа веќе започнала, а најлошото на тој фронт допрва доаѓа.
Битката за Донбас ќе ве потсети, жалам што ќе го кажам ова, но тоа е вистината, битката за Донбас ќе ве потсети на Втората светска војна, со големи операции, маневри, учество на илјадници тенкови, оклпони возила, авиони, атрилерија… Ова нема да биде локална операција, според тоа што можеме да го видиме од руските подготовки, изјави Дмитро Кулеба – Министер за надворешни работи на Украина
Пентагон потврди дека Русија целосно ги повлекла своите воени сили околу Киев и Чернихив, како дел од подготовките за следната фаза од инвазијата на Украина. Украинската одбрана , но и претседателот Зеленски упатија апел до населението во источниот дел од земјата, да се додека се уште е безбедно и можат тоа да го направат низ неколку безбедносни коридори.
Игор Трајков