Вести Македонија

Синдикатите со протести и штрајкови пристискаат за зголемување на платите

Членовите на СОНК од 11 април стапуваат во генерален штрајк откако вчера не постигнаа договоро со Владата за зголемување на платите во образованието. Синдикалците бараат покачување до 18,5 отсто со што просечната плата во образованието би се качила од 25 на 35 илјади денари.

Сепак Владата заесга не излезе во пресрет на барањата на СОНК, а по вчерашнбата средба со премиерот Ковачевски, лидерот на СОНК соопшти дека не добиле никаква понуда или решение и дека им било соопштено оти државата е во економска криза.
Од СОНК побараа разбирање од родителите бидејќи со сташпување во генерален штрајк нема да рабо0тат основните и средните училишта ниту пак ќе се примаат децата во градинките.

А денеска предупредувачки протест ќе одржи Конфередацијата на слободни синдикати кои исто така бараат скалесто зглемување на платите. Тие исто така најавуваат генерален штрајк доколку не им се исполант барањата и не се направи усогласување на платите со минималецот за да нема ситуации во кои вработени на различни работни позиции и со различен степен на образование да добиваат иста плата. Покачување на бодот на сто денари од сегашните 82 е едно од решенијата кои ги предлага Конфередацијата. Тие ја обвинија Владата дека ја манипулира јавноста и дека со утврдување на законскиот минимум од 18 илјади се опофатени само 10 отсто до вработените а Законот за административните службеници е манипулација и затоа не поминал на Економско социјалниот совет.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Нов ценовен шок: Дизелот до 98,5 денари, Владата најавува можна интервенција

Kristina Kuzmanovski

Штрајкот во Грција ја блокира Богородица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе