Два големи пожари во кои горат педесетина хектари зимзелена и листопадна шума, како и 140 пожари регистрирани досега во месецот, го активираа алармот во Центарот за управување со кризи. Оттаму велат дека за разлика од минатата година општините и надлежните институции се далеку поподготвени, има поголем број на пожарникари а ќе може да се смета и на авионите „ер трактор“ и дополнителен полициски хеликоптер.
Еден „ер трактор“ е сервисиран и е во функција, а по инспекцијата од Агенцијата за цивилното воздухополовство ќе се врати од Шпанија во Македонија, потврди директорот на ДЗС, Беким Максути. Другите два авиони кои според процедурите во пар требаше да летаат до Шпанија за сервисирање сеуште се на скопскиот аеродром бидејќи кај еден од нив имало ситен дефект на моторот.
Директорот Ангелов смета дека системот за управување со кризи има недостатоци
Ангелов најави дека ќе се обиде да издејствува измени за планинарите бидејќи тие неколку пати први алармирале за шумски пожари и спречиле поголема катастрофа. Тој веќе побарал од МЕПСО и ЕВН да ги проверат далноводите бидејќи биле забележани лабви жици под напон.
Официјалните проценки се дека 38,5 милиони евра е шетата од пожарите минатата година, но штетата на еко системот во Малешевијата е непроценлива.
Огнен Чанчаревиќ
