Во интервјуто за Топ Тема со Наташа Стојановска, претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Штериева, одовара на повеќе актуелни прашања поврзани со можните последици врз банкарскиот систем во Македонија од војната во Украина.
„Неспорно е дека ако се зема во предвид отвореноста на македонската економија, нејзината увозна зависност, извозните аранжмани, дека трговската размена со овие земји е голема и дека ќе се почувствуваат последици во прекинот на оваа трговска размена“ – изјави Штериева.
Штериева одговараше и за шпекулациите дека одредени менувачници не продавале девизи, тврдејќи дека има недостаток, потоа и за состојбата со штедните влогови во државата, кредитирањето, особено земајќи ги предвид реакциите од компаниите дека банките треба поголема поддршка да обезбедат за фирмите и за стопанството во делот на кредитирањето.