Од септември 2022 година околу 330.000 пензионери ќе добијат зголемување на пензиите, што во просек ќе растат по околу 900 денари.
Собранието синоќа ги изгласа измените на Законот за пензиското осигурување, со кој се усогласува движењето на индексот на трошоците на живот во висина од 50 проценти и пораст на просечната плата исто така од 50 отсто, а дополнително, како дел од антикризните мерки секој пензионер три месеци по ред ќе добива и по 1000 денари. Законодавниот дом, едногласно го донесе и усогласувањето со износот за минимална плата на вработените во македонскиот Парламент, а скратената постапка беше поради потребата претстојната исплата на плата да биде во месец април.
