Германскиот канцелар Олаф Шолц повторно ја отфрли можноста за воена интервенција на НАТО во војната во Украина.
„Се согласувам со американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон и другите сојузници дека не смее да има вооружен конфликт меѓу НАТО и Русија. Никој не може да го сака тоа“, изјави Шолц за Die Welt во Берлин.
„Нема да воспоставиме зона на забранети летови над Украина. Тоа би значело директен воен конфликт со Русија, руските воени авиони“, рече Шолц.
Западната алијанса продолжува да верува во влијанието на мерките насочени првенствено кон руската економија, продолжи тој.
„Санкциите имаат посилен ефект отколку што замислуваше Русија“
„Заедно со нашите сојузници во Европа и САД подготвивме многу прецизни санкции“, рече тој, додавајќи дека „Владимир Путин можеби ја планирал оваа војна една година и се подготвувал за економските реакции на меѓународната заедница, но ја потценил нашата одлучност. ”
„Санкциите имаат посилен ефект отколку што Русија некогаш замислувала“, рече Шолц.
Германскиот канцелар истакна дека мерките ќе влијаат и на Германија и на нејзините граѓани.
„Ова го велам мислејќи на нашиот економски развој, синџирите на снабдување и трговските односи“, рече тој.
