Вести Македонија Топ вести

Груби се пофали дека Владата донела одлука на полициските униформи да стои и натпис на албански

Вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби на својот Фејсбук профил се пофали дека Владата донела одлука на полициските униформи во иднина покрај на македонски да стои и натпис на албански јазик.

Уште една успешно извршена задача! Албанскиот јазик официјално и во полициските униформи! На денешната седница на Владата ја усвоивме измената на Уредбата за униформите и нивните симболи со која се предвидува употреба на албанскиот јазик како службен јазик во униформите на полициските служби согласно законот, напиша Груби.

Во извештајот од 28-та седница Владата соопшти дека донела Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата.

Оваа Уредба е донесена врз основа на Законот за употреба на јазиците, каде што според член 8 став (3) е утврдено дека униформите на полицијата во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Северна Македонија и неговото писмо.

Од владата додаваат дека оваа Уредба ќе влезе во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник, а ќе отпочне да се применува во текот на една година од денот на влегувањето во сила.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе од 300.000 евакуирани во Франција и во Шпанија – под нелетот на ветрот огнот и понатаму се шири

Дејан Дејан

(фото)Германската полиција трага по осомничениот за нападот со комбе во Берлин на Парадата на гордоста во кој загина едена жена, а 16 се повредени

Дејан Дејан

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе