Избори 2020 Македонија Најважни

Заев ќе го добие мандатот за нова Влада, Села, Гаши и Касами не одат кај Ахмети

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска треба да му го предаде мандатот за составување нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Во текот на денот треба да се одржи и заеднички состанок на лидерите на партиите од албанскиот политички блок што го иницира претседателот на ДУИ Али Ахмети.

На состанокот нема да присуствуваат Африм Гаши од Алтернатива и неговиот коалициски партнер и лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села кои бараат одложување за наредната недела, по 17 август. На лидерската кај Ахмети нема да оди ниту претседателот на Беса, Билал Касами, кој смета дека таков состанок треба да се одржи по формирањето на новата влада.

– Зоран Заев, во име на коалицијата „Можеме”, која има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќето партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на Владата, вака гласеше вчерашното кусо соопштение од Кабинетот на Пендаровски кој мандатот на Заев ќе му го предаде во 12 часот во Вила Водно.

Од Кабинетот претходно информираа дека Пендаровски се консултирал со експерти, а заклучокот бил јасен, дека Собранието е конституирано на 4 август и оттогаш течат уставните рокови за доделување на мандатот. За да се смета дека Собранието е конституирано, како што наведе Кабинетот на Пендаровски, потребна е верификација на мандатите на пратениците, а не нечиј избор.

Според претседавачот на Собранието, Талат Џафери, пак, доколку претседателот Пендаровски го додели мандатот за формирање влада без да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор би бил противуставен.

– Неуставно е доделување мандат без да има претседател на Собрание кој ќе ги стави во функција другите рокови кои треба да ги следи Собранието, бидејќи на законодавниот дом роковите му започнуваат од моментот кога ќе го добие известувањето од шефот на државата дека мандатот е доверен. Неовластен човек не може да ги информира пратениците, смета Џафери.

Но, шефот на државата останува на ставот, соопштија од Кабинетот.

–Претседателот Пендаровски, иако ги разбира мотивите на претседавачот Џафери, останува на неговиот став кој впрочем го потврдува и политичката практика во сите изминати години кога на власт биле различни политички опции. До петок, кога истекува десетдневниот рок, ќе го додели мандатот за составување нова влада на оној кој ќе има мнозинство, стои во реакцијата од Кабинетот на Претседателот кој, како што се додава, го очекува дописот со кој Џафери ќе информира дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите на 4 август 2020 година.

Околу доделувањето на мандатот се огласи и СДСМ. Соопшти дека согласно член 90, став 1 од Уставот, за мандатар е предложен Зоран Заев.

– СДСМ и Коалицијата „Можеме“ го известила претседателот Стево Пандаровски дека мандатор за составување на новата Влада е лидерот на партијата Зоран Заев. Со оглед на истекот на уставните десет дена по конституирањето на Собранието, од страна на Претседателот на државата до коалицијата „Можеме“ беше побарано известување за предлог за кандидат за мандатар за состав на. Од страна на СДСМ и коалицијата „Можеме”, согласно член 90, став 1 од Уставот, за мандатар е предложен Зоран Заев, соопштија од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, останува на ставот дека Собранието не е комплетно конституирано. Нема ниту нови информации за разговорите за формирање Влада.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

2,15 милиони евра како причина за одбрана од слобода на Асмир Јахоски од Пуцко Петрол

Дејан Дејан

Наместо цртежот на препознатливата парламентарна зграда, Собранието наскоро со ново лого

Дејан Дејан

Привршува тендерот на Oнкологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе