Вести Македонија

Петков: Посетата на Македонија беше задоцнета

Бугарскиот премиер Петков контра претседателот Радев, кој ги менува ставовите за македонија речиси на дневно ниво. За Радев посетата на Македонија од страна на петков била избрзана, и таа може погрешно да се протолкува дека Бугарија прави некакви отстапки. За истата оваа посета, Радев претходно рече дека е добра оти има позитивни сигнали и треба да се поддржи. Но, за разлика од него, премиерот Петков останува на својот став. Според него тоа што тој прв дошол во Скопје, не само што не е избрзано, туку и задоцнето цели 30 години.

„Вистината е дека Бугарија изгуби 30 години во тие односи. Мојата посета не само што не е избрзана, туку и ужасно задоцнета. Не јас како премиер, таа беше задоцнета бидејќи бугарската страна треба да има активна позиција, да има конструктивен тон на дејствие, да има јасни цели и точен пристап“, изјави Кирил Петков, премиер на Бугарија.

Тој изрази жалење дека Бугарија изгубила толку многу години истакнувајќи дека не можел да издржи да ја одложува посетата за ниту еден ден повеќе.

„Како што видовте, тоа го направив еден ден по именувањето на новиот премиер на Република Северна Македонија. Верувам дека ако не сакаме Балканот да остане најсиромашен и најкорумпиран дел од Европската унија, пристапот мора да се смени. Ова треба да се заснова на добрососедство, економски развој и заедничка работа. Не можете да се расправате со соседот и да мислите дека тоа е добро“, вели Петков.

Петков рече дека уште многу сили ќе се обидат да го попречат процесот, но тоа веќе не треба да биде оправдување туку треба да се засукаат ракавите и да се заврши работата, во спротивно односите ќе останат на најниска точка. Одби да го коментира приемот на ОМО „Илинден“ кај претседателот Стево Пендаровски истакнувајќи дека „доброто е што надворешната политика на Бугарија и Република Северна Македонија зависат од премиерот и од владите на двете земји“.

Но за разлика од него, Радев смета дека постапките на Пендаровски не придонесуваат за толку посакуваниот напредок на Македонија. За Радев Македонските Бугари се борат за еднаквост, која ќе биде загарантирана во нивниот устав со регистрирање. Тоа е радикално различно од сепаратистичките ставови и малцинските тврдења што ги исповедува народот со кој се среќава претседателот Пендаровски, рече шефот на државата.

За Пендаровски дека нема аргументи за реакција од бугарска страна, затоа што, како што нагласи и од соопштението и од изјавите по средбата, можело да се заклучи дека во разговорите немало ништо што оди против Договорот од 2017 година.

Реагираа и од ОМО „Илинден“ – Пирин. Лага и клевета е изјавата на радев за сепаратистичките претензии, а овие лаги се користат за да се  оправда системската дискриминација врз која се подложени граѓаните на Бугарија со македонска самосвест, дискриминација која доведе до 14 пресуди против Бугарија од Судот за човекови права. Но, освен лаги и клевети, изјавата на Радев е израз и на ниска политичка култура, се вели во реакцијата на ОМО „Илинден“ Пирин.

Алиса Шутиноска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европската централна банка ги одржува каматните стапки непроменети поради флуктуациите на цените на нафтата

Kristina Kuzmanovski

ВЛЕН: Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајас?!

Дејан Дејан

СДСМ: Организираната криминална група ВМРО ќе ја отруе цела Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе