Вести Ковид19 Македонија Најважни

35 починати од корона, третина од починатите-вакцинирани, нови 2.000 заболени

Повторно дневната бројка пријавени жртви од ковид се искачи над 30, во изминатото деноноќие починале 23- ца пациенти, а преку Мој термин се пријавени уште 12 починати.

Меѓу починатите има и 35-годишен пациент. Најстар регистриран починат е 90-годишен од Битола. Останатите 33 жртви се на возраст меѓу 59 и 89 години. Третина од починатите биле вакцинирани.

Регистрирани се и 267 реинфекции што изнесува 13,35% од новозаразените односно секој 8-ми регистриран како новозаболен денеска, всушност се заразил по вторпат со корона-вирус.

Во соопштението на МЗ е наведено дека 2.000 се новозаразени, а процентот на позитивни од заразени е висок и изнесува 34,8%:

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 5.779 тестови, а регистрирани се 2000 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 1.096, Битола – 123, Кавадарци – 108, Куманово – 96, Тетово – 75, Прилеп – 60, Велес – 58, Гевгелија – 39, Струмица – 38, Гостивар – 36, Охрид – 30, Струга – 26, Валандово – 25, Неготино – 24, Кичево – 23, Делчево – 20, Ресен и Радовиш – по 19, Кочани – 13, Крива Паланка – 12, Штип – 8, Свети Николе и Демир Хисар – по 7, Дебар и Богданци – по 6, Виница и Кратово – по 5, Македонска Каменица – 4, Берово и Демир Капија – по 3, Крушево и Македонски Брод – по 2, Пробиштип и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (2.000), регистрирани се 267 реинфекции.

Регистрирани сe 806 оздравени пациенти од: Кавадарци – 181, Куманово – 127, Велес – 114, Гевгелија – 83, Неготино – 61, Скопје – 58, Кочани, Штип и Свети Николе – по 27, Богданци – 23, Виница – 16, Радовиш – 14, Делчево – 10, Демир Капија – 9, Берово – 7, Пехчево – 4, Тетово, Струмица, Македонска Каменица и Дојран – по 3, Охрид и Крива Паланка – по 2, Кратово и Пробиштип – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 23 починати лица: 6 починати лица од Скопје (35г, 62г, 64г, 70г, 75г, и 83г), по 3 починати лица од Битола (71г, 73г и 90г), и Струмица (63г, 78г и 82г), 2 починати лица од Свети Николе (59г и 62г) и по едно починато лице од Велес (64г), Виница (67г), Кичево (79г), Кочани (63г), Крива Паланка (80г), Охрид (84г), Прилеп (77г), Струга (86г) и Штип (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 12 починати лица, Скопје (3), Кавадарци (2), Струга (2), Дебар(1), Свети Николе (1), Радовиш (1), Штип (1) и Велес (1). Починатите се на возраст од 61г до 89г. Од пријавените лица, 11 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 24.12.2021 -30.01.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=35), 13 лица се целосно вакцинирани, а кај 34 лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 5.779 тестови преку: ИЈЗ-577, ЦЈЗ Скопје-109, ЦЈЗ Битола-111, ЦЈЗ Прилеп-79, ЦЈЗ Тетово–15, ЦЈЗ Куманово-98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–3, Жан Митрев (Филип Втори)-153, Авицена-222, Биотек-286, Систина-143, лабораторија Лаор-122, Синлаб-40, Ремедика-38, Плодност-87, Генеа-33, Никоб Лаб-649, ВФВ Медикал-106, Ели Медика-55, Ројал Медика–24, Спектра-ММ-58, Рапид Лаб–28, Жан Митрев Струмица–27, Нова Лаб Дијагностика–38, Рамус-38, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.624.

Досега во земјата се направени вкупно 1.794.030 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 270.897, бројот на оздравени пациенти е 247.670, на починати е 8.444, а бројот на активни случаи изнесува 14.783.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе