Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска соопштија дека ниту една постапка на претседателот не била ниту ќе биде во спротивност со договорот межу Македонија и Бугарија за добрососедство, како што имплицираше бугарското МНР денеска, откако вчера Пендаровски се сретна со претставници на повеќе здруженија на граѓани од Бугарија односно со претставници на македонците кои живеат во источниот сосед.
„Во врска со соопштението од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, ставот на претседателот Пендаровски е дека ниту една негова постапка, ниту досега била, ниту отсега ќе биде во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави од 2017 година, вклучувајќи ја и средбата со здруженија на граѓани од Република Бугарија. Претседателот Пендаровски смета дека секоја институција во двете држави треба да даде свој придонес во надминувањето на отворените прашања и во таа насока е посветен за зајакнување на дијалогот и целосна имплементација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка.“- соопштија од кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски.
Претходно, бугарското МНР „изрази загриженост“, за како што стои во соопштението, последните постапки на македонскиот претседател Стево Пендаровски по средбата со претставници на македонските здруженија од Бугарија. Во соопштението е наведено дека постапки на одредени функционери кои изнесуваат негативни ставови во јавноста и се во спротивност со позитивната клима создадена од активните напори на владите на Бугарија и Северна Македонија.