Македонија

Кучуќ: До решенија ќе се дојде со образовна, културна и инфраструктура поврзаност

Европа ќе ги финансира сите добри идеи насочени кон заштитата на човековите права и слободи и гарантирање на перспективата земјите да бидат културно, цивилизациски и образовно поврзани во рамките на Европската Унија, изјави европратеникот Илхан Ќучук на маргините на конференцијата БГМК2030 „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“.

Дадовме една добра оценка за постигнатото во изминатите неколку недели. Поставиме почеток на една заеднички дискусија и продолжуваме со нашата програма, при што ќе посетиме училиште во Чаир. Она што е важно е да се спомнуваат добрите примери во рамките на образовниот процес. Целта ни е да ги поврземе училиштата и да создадеме нови можности за младите, додаде Ќучук.

Запрашан дали е можна европска перспектива и решение, ако од бугарска страна се негира македонското малцинство, а се баре вклучување на Бугарите во Уставот, Ќучук истакна дека такво барање има не само од Бугарите, туку и од Хрватите и Црногорците

И тие бараат да бидат запишани во Уставот на Република Северна Македонија. Тоа треба да се случи на еден разумен начин и во рамките на процедурите. Процесот е долг, но гледам дека има желба за разговор за оваа тема, истакна Ќучук.

Не давајќи дециден одговор околу правата на Македонците во Бугарија, тој нагласи дека до решенија ќе се дојде заедно со образовната, културната и инфраструктурата поврзаност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Пожарот над Кочани сè уште активен, на терен над 30 пожарникари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе